16.01.2019 Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

Makedonija

Договорот од Преспа не само што не задира во интересите на трети страни, туку суштински придонесува кон регионалната стабилност, пријателство и соработка, и како таков претставува  пример и модел за решавање на отворени прашања меѓу државите.
Министерството за надворешни работи на Република Македонија е уверено дека иднината ќе ја потврди исправноста на овој пристап, кој претпочита политичко визионерство и лидерство, како и дека придобивките за регионалната стабилност и просперитет ќе бидат прифатени и валоризирани од сите страни, вклучително и од пријателската Руска Федерација.

Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia